Граѓаните во Центар револтирани: Ветувањата на Жерновски држат само до избори

Многу ветено а малку реализирано ! Ова е реченица со која може да се поистоветува работењето на Жерновски за подобро живеење на ѓраганите на Општина Центар. Населба Пролет е една од најстарите урбани населби во општината која е специфична токму поради автентичноста  на зградите што се во неа. Жерновски уште во 2013 година пред сите жители во таа населба имаше презентација како еден од приоритетите во неговиот мандат  за тоа како ќе изгледа  ова маало со целосна замена на дотраените фасади. За жал и после три години од ова убаво ветување нема никаква реализација. Станарите на две згради уште на 17.07.2013 година имаат склучено договор со Општина Центар за реконструкција на фасадите на зградите. Услов кои требаше да го исполнат станарите за започнување на реконструкција беше замена на вратите и прозорците на целата зграда, во домовите и влезовите. Многу  станари од финансиска неможност  земале кредити и позајмица за  да може да ги решат овие барања на Општината и да почне реконструкцијата на фасадите, но сеуште нема ништо од сето тоа. 

-"Градоначалникот  Жерновски ни вети дека ќе ги замени дотраените фасади во цела населба и дека нашата зграда ќе биде прва. Но за да се реализира тоа не условија да ги смениме надворешните врати на влезовите со алуминиумски, прозорите со PVC,  со дамафони пред влезовите  и влезовите да се искречат. Од три понудени фирми ја одбравме најповолната  понуда и сеуште плаќаме рати од договорот то го склучивме, а од фасадата нема ништо. Помош побаравме и од советничката Елена Петковска, која потекнуваа и живее тука во ова маало. Таа на советнички прашања во два наврати му се обратила на Жерновски, на што тој минатата година дал ветување дека оваа година ќе ги направат а пред некој месец исто така на советнички прашања одговорил дека ќе ни прави надградби."-револтирано кажува станарот на една од зградите. "Не сакаме никакви надградби, си ја сакаме фасадата која ја добивме како ветување и ја чекаме повеќе од  две години."

-  "Ова е нешто невидено, само се лаже а ништо не се прави. Се позајмивме пари со сопругата за да ги подмириме трошоците што ги направивме за да добиеме фасада на зградата бидејќи постојано паѓа малтер одозгора, а уште нема ни Ф од фасадата. Па кој ќе ни ги врати тие пари ако ни ги растура пак прозорите и вратите и ни правии надградби Ова е стара населба и јас цело детство мое го поминав тука. Недозволуваме да се менува било што во ова маало. Или сите згради ќе бидат исти или ништо нема да се прави. Нека ни ги вратат парите што ги дадовме и што сакаат нека прават ".-видно вознемирен реагираше жителот од истата зграда.

Жителите на оваа населба се жалат дека навистина имаат проблем со дотраените фасади, постојано паѓа малтерот од зградите и среќа голема што досега никој не бил повреден. Апелираат до градоачалникот да си остане доследен на ветувањата и да се позанимава со целата населба, како што му беше првичното излагање и ветување дека населба Пролет ќе ја направи населба како од бајќите. Наместо бајка, овие жители сеуште имаат глетка на своие згради полоша од било кога.

 

 

 
 
19.03.2016 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега