Почина работникот повреден на висококатниците во Аеродром

 

Триесет годишниот работник од Злетово кој настрада во експлозијата на градилиштето на Џеваир висококатниците во Аеродром, синоќа почина, јави Курир

Експлозијата се случи минатата недела, а веднаш по истата, работникот бил префрлен на одделението за интензивна него заедно со другиот повреден. Синоќа, сепак им подлегнал на повредите и починал. Неговото тело ќе биде дадено на обдукција.

Вториот работник кој беше повреден е во стабилна состојба.

најчитано сега