Клинички центар од октомври ќе се грее на гас

 

Од први октомври кога ќе започне новата грејна сезона Клиничкиот центар ќе се грее на гас со што ќе се намали загадувањето од сегашната топлана што се наоѓа веднаш до Клиниката за детски болести, изјавува министерот за здравство Тодоров за Канал 5.

- „Еден од најголемите загадувачи во Скопје е оваа топлана во клиничкиот центар. 20 години нема никава инвестиција, овој проект е голема позитивна промена“, изјави Никола Тодоров и додаде дека парите кои ќе се заштедат ќе бидат искористени за други цели во клиниките.

Инаку, со греењето на гас годишно треба да се заштедат од 300 до 350 илјади евра.

ФОТО: Влада