Радовишанец избегал од затвор и украл две телиња од штала
СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.С. (28) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
Пријавениот, кој бил во бегство од затвор Струмица, на м.в. Рудникот од говедарник, сопственост на Т.К., извршил кражба на две телиња од сортата „буша“ и со тоа го оштетил за сума од 24.000 денари.
03.03.2016 - 13:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа