Фатени крадците кои 'оперираат' по скопските клиники
Полицијата успеа да ги фати крадците кои крадат по скопските клиники, пренесе МРТ. Се работи за група крадци кои заедно крадат од лекарите и пациентите.
Инаку, пред само неколку денови се случи филмска кражба на Пластична хирургија околу 8 часот и 30 минути кога тројца крадци влегле во библиотеката каде еден од лекарите пишувал историја на пациент при што додека едниот крадец му го одвлекувал вниманието жалејќи се дека го боли нога, другиот крадец украл ташна од една студентка, а третиот им го чувал грбот на своите партнери за кражба, пренесе Здравство24. Сепак, иако овие крадци се фатени, на клиниката постојат 5 нерасчистени кражби. Пред 2 дена во раните утрински часови е украден мобилен на пациент. Никој не го видел разбојникот а никој и не се посомневал бидејќи тоа време на клиника доаѓаат и пациенти за преврска, а исто така и лекарка од Пластична била ограбена два пати во рок од два дена. Прво и украле паричник полн со пари и картички, а потоа и одзеле уште 2000 денари од нејзиното шкафче.
Директорката на Клиниката Смиља Туџарова Ѓоргова изјави за МРТ дека снимките од безбедносните камери помогнале крадците да бидат фатени.
ФОТО: Дневник