Аџиев: Оние кои ја критикуваат лустрацијата се плашат да не бидат лустрирани
Претседателот на Комисијата за верификација на фактите, Томе Аџиев, вели дека Комисијата не е продолжена рака на власта, во интервју за БИРН.
Тој за критиките околу лустрирањето вели: - Токму тие кои ја критикуваат лустрацијата веројатно се плашат да не бидат и самите лустрирани. Јас не реков дека се кодоши туку прашав да не се уплашил некој. Мене ми беше многу симптоматично што името на Славко Јаневски излезе токму од кај нив, вели Аџиев.
- Некои новинари, МАНУ и ДПМ веќе излегоа со иницијалите С.Ј. и почнаа да го бранат Славко Јаневски без да имаат сознание дали е тој лустриран. Јас им реков, престанете да го штитите делото на Славко Јаневски бидејќи ние не го цениме неговото дело. Ние не го цениме книжевното дело на Јаневски или на кој било друг. Ние велиме дека имаме документи дека одредено лице било соработник, потенцира Аџиев.
Тој додава и дека сите сме луѓе и може да направиме грешки, па така како што вели се можни ненамерни грешни и при процесот на лустрирањето.
- Немам никаков страв. Полициско досие имам првпат допрено пред пет години кога дојдов во комисијата. Нити знам што е тоа, ниту ме интересира. Отсекогаш сум бил алергичен на тие служби. Јас работам по закон. Доколку ние не го спроведуваме законот, доколку сме нашле дека некое лице е соработник, а не сме го прогласиле, тогаш нормално дека ни следи конфликт со тој закон Јас колку можам се трудам да не згрешиме. Сепак грешки се можни, но ви гарантирам дека тоа нема да бидат намерни грешки, додава тој.
Аџиев во интервјуто го критикува единствениот опозициски глас во Комисијата:
-Одлуките се донесени во најголем број, едногласно, со исклучок на едно лице кое упорсите одлуки на комисијата ги негира, ги бојкотира. Ниту еден извештај нема сработено, ниту една одлука нема гласано, ниту за една одлука нема кажано позитивен збор за комисијата. Тоа е многу симптоматично и јас не знам што бара тоа лице во оваа комисија, вели Аџиев во интервју за БИРН.
ФОТО: Утрински