Готви со љубов: Цезар салата
Секоја цезар салата е различно вкусна, а секој ресторан приготвува цезар салата со поинаков вкус. Рецептот на Gotvi.mk прочитајте го ТУКА
Потребни состојки:
1 пилешки стек
зелена салата
запечен леб или кубети
шери домати
пармезан
дресинг
Начин на готвење:
Пилешкиот стек се зачинува и се пропржува во тавче со масло за готвење. Пржете додека месото не добие румена боја. Месото исечете го на ленти.
Во истото тавче пропржете го лебот кој е претходно исечен на коцки. Пржете го со малку масло додека не добие румена боја и кора.
Зелената или ајсберг салата измијте ја и ситно исецкајте ја. Ставете ја во сад за сервирање.
Во садот додадете го пилешкото месо, лебот, шери доматите пресечени на половинки, како и тенко исечените парчиња пармезан.
Одозгора прелијте со дресинг сос.
Целиот рецепт, како и состојките потребни за да подготвите дресинг сос за цезар салата прочитајте ги на овој ЛИНК
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа