Премиерот Груевски на работен ручек со Пахор
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска имаше средба и работен ручек со претседателот на Република Словенија Борут Пахор.
Претходно, премиерот Груевски и словенечкиот претседател Пахор прошетаа во централното градско подрачје на Скопје и Старата скопска чаршија.
На средбата се констатирани одличните односи кои постојат помеѓу двете земји, а кои бележат континуиран развој и се карактеризираат со пријателство и остварување на дијалог на највисоко ниво. Изразена е заедничка заложба за дополнително унапредување на економската соработка, зголемување на трговската размена и соработката на полето на инвестициите.
Груевски и Пахор размениле мислења и за повеќе други теми кои се од интерес на билатералната и мултилатералната соработка на двете земји.