Трагедија: Старец од Куманово изгоре во својот стан

 

Денеска се случи вистинска трагедија во Куманово откако изби пожар во стан во кој старец го загуби животот.

Се работи за 71-годишниот Божин Трајчевски во чиј што стан утринава настанал пожар предизвикан од експлозија на плинска боца. 

Експлозијата настанала во 11 часот во станот лоциран на улицата „Октомвриска револуција“ во Куманово.

За жал, поради изгорениците со кои се здобил, кумановчанецот починал на самото место на настанот. 

Пожарот е локализиран, а полицискиот увид е во тек.

ФОТО: Сител

 

најчитано сега