Мелничарите ја поддржуваат владината одлука за условен увоз на брашно и пченица

 

 

Мелничарите ја поддржуваат oдлуката на Владата за условен увоз на пченица и брашно и сметаат дека треба да остане во сила во наредните шест месеци. Ова било констатирано вчера на седница во Стопанската комора на македонија.

- Мелничарите апелираат откупот да почне и во регионите каде што жетвата е во тек и онаму каде што евентуално доцни. Преземените мерки ќе имаат позитивен ефект, ќе овозможат да се откупат планираните количини, изјави денеска Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија.

Откупот се одвива без проблеми, според предвидената динамика. Досега се преземени 55.000 тони пченица што е 20 отсто од очекуваниот род од 280.000 тони. 

ФОТО: Нетпрес

 

најчитано сега