Словенечкиот „Фајненс“: Цигарите и горивото се најевтини во Македонија
Македонците плаќаат најевтин бензин и пушат најевтини цигари во регионот, покажаа резултатите од словенечкиот весник „Фајненс“.
Весникот истражувал за тоа колку Словенците кои одат на пат кон јужните земји може да заштедат на нивните производи и дошол до заклучок дека Словенците за гориво и цигари најмногу можат да заштедат во нашата земја.
Според весникот, Србија е единствена земја во регионот во која дизелот е поскап од 95-октанскиот бензин. Доколку Словенците дојдат во Македонија ќе стават гориво за 14 евра помалку. Поинаков е односот на цените на 95-октанскиот бензин. Во Хрватска патниците за околу 50 литри ќе платат осум евра помалку одошто во Словенија.
Инаку, во однос на цигарите, Словенците кои пушат цигари, за 10 кутии може да заштедат до 20 евра доколку ги купат во Македонија.