Кил потврди: Еден од најдобрите шпански ракометари доаѓа во Вардар!

 

Жоан Канелјас ќе биде нов ракометар на РК Вардар почнувајќи од следната натпреварувачка сезона, објави денеска германскиот првак Кил. Шпанскиот бек имаше договор на уште една сезона со Кил, но германскиот клуб се договорил со македонскиот првак околу висината на отштетата, што засега се чува во тајност, пренесува спортскиот портал ЕКИПА.

„Жоан доби понуда за долгорочен договор со Вардар. Затоа, постигнавме договор со ракометарот, а потоа и со неговиот нов клуб. Мило ни е што експресно ги договоривме сите детали, за Канелјас сега максимално да се фокусира на преостанатите натпревари до крајот на сезонава. Неговата помош ќе ни биде добредојдена во период кога имаме толку многу повредени ракометари“ – изјави менаџерот на Кил, Торстен Сторм, пренесува ЕКИПА.

 
 
09.02.2016 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега