Внимавајте: Двајца Македонци заболеле од маларија
Во текот на минатиот месец се регистрирани два случаи на маларија во Македонија. Заболени се македонски и странски државјанин кои работеле во Гана и Сиера Леоне, истакна денеска раководителот на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство, Јованка Костовска.
Двата случаја со маларија не се јавиле на превентивни прегледи во центрите за јавно здравје и не им е дадена вакцина, или таблетки хелиопрофилакса, не земале антималарици кои ако ги употребувале немало да добијат маларија.
- Имаме сознанија дека има се повеќе внесени случаи на маларија во државата. Од 2002 година досега имаме 16 случаи на маларија кои влегле во државата. Во 2012 година сме имале пет случаи на маларија внесена од надвор во државата. За маларија овој надзор треба да го направат во рок од седум дена од враќањето, за чума во рок од пет дена, за колера во рок од шест дена, а за вирусни хеморагични трески во рок од 14 дена, нагласи Костовска и додаде дека ако лекарите се посомневаат за некое од овие заразни заболувања, лицето кое патувало во тие земји се упатува на Клиниката за инфективни болести.
Костовска апелира дека граѓаните кои одат на патувања во ризични земји во африканскиот, азискиот регион, Индија итн. каде што има маларија, чума, жолта треска, колера, вурисни хеморагични трески, потребно е пред и за време на патувањата, но и по враќањето да си го заштитат своето здравје и во рок од една недела да се јават на здравствен надзор во центрите за јавно здравје.
Лилјана Лазаревска од Центарот за јавно здравје-Скопје рече дека маларијата се јавува во над сто земји во тропските и субтропските области на Централна и Јужна Америка, Карипските острови, Африка, Азија, вклучувајќи го и Блискиот Исток и Југозападниот пацифик, кои годишно ја посетуваат околу 125 милиони туристи. - Според податоците на Светската здравствена организација годишно околу 30.000 патници кои заболуваат од маларија доаѓаат од земји каде не е ендемска. Во Центарот за јавно здравје Скопје дошле 1.916 меѓународни патници од кои хемиопрофилакса земале 858 лица, односно таа се иницира според местото каде тие патувале, посочи Лазаревска.
ФОТО: Дневник