„Дајте ги парите или ќе пукаме“ - вооружен грабеж на возило полно со пари во Велес

 

 

Две непознати лица на улицата „Алексо Демниевски“ во близина на Спортската сала „Гемиџии“ во Велес со закана со оружје извршиле разбојништво над вработени во „Перпетум Мобиле“ кои со патнички автомобил вршеле достава на парични средства, информираа денеска од СВР Велес. 

Според портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска, сторителите ги земале кутиите во кои биле паричните средства ги ставиле во нивниот патнички автомобил и се упатиле кон крстосницата кон Башино Село.

- Полициските служеници веднаш излегоа на лице место, пронајдено е возилото со одземените кутии, а по кратко време лишени се од слобода две лица за кои постојат основи на сомнение дека се можните сторители, истакна Стојковска.

Додаде дека полицијата презема мерки за целосно расветлување на случајот

 
 
08.02.2016 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега