Црвенковски се повлече од претседателската функција во СДСМ

 

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски се повлече од претседателската функција во СДСМ дознава Press24 од партијата на Бихаќка. Според информации кои се уште не се официјално потврдени, на вечерашната седница на Централниот одбор, по говор од околу половина час, лидерот на СДСМ им соопштил на членовите дека нема да ја води партијата во следниот мандат и побарал да не биде кандидиран од општинските организиации. Според изворите на Press 24, меѓу говорниците на вечерашната седница, имало и такви кои барле Црвенковски да остане на чело на партијата а конгресот да биде одложен.
Во моментов трае пауза. Се уште нема информации дали била усвоена одлуката на Извршниот одбор на СДСМ, Конгресот да се одржи на 2 јуни

најчитано сега