Димовски: СДСМ немаат свои идеи и проекти, но затоа ги кочат добрите идеи на мнозинството

На денешната прес конференција која што ја одржа координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во собранискиот прес центар, потенцираше дека СДСМ и понатаму продолжува да биде партија која што нема свои идеи и проекти и поради тоа на секој начин се обидуваат да ги кочат позитивните проекти на Владата. Димовски уште еднаш нагласи дека СДСМ со години го користи сценариото “Колку полошо за државата, толку подобро за СДСМ“ кое што во неколку наврати донесе големи штети на Македонија како на економски план така и на меѓународната сцена.

- СДСМ немаат свои идеи и проекти, но затоа ги кочат добрите идеи на мнозинството. 

Пратениците на СДСМ се водат по премисата: “Колку полошо за државата, толку подобро за СДСМ”. Никогаш не дале поддршка за било која добра идеја, изјави Илија Димовски. Исто така, Димовски ги обвини СДСМ дека се обидуваат креираат криза во Собранието на Република Македонија со блокирање на позитивни закони и истовремено вршат узурпација и злоупотреба на законодавниот дом за партиски цели. Ваквите сценарија на СДСМ како што кажа Илија Димовски веќе неколку години наназад се повторуваат што е доволен знак дека СДСМ не се менува.

- Почитувани, СДСМ не се менува. СДСМ е истата со години. СДСМ креира кризи и надвор од ова Собрание и внатре. Ова не им е прв пат. Не се креативни и инвентивни бар да смислат нов начин за блокади. Не се креативни ниту да смислат логични и аргументирани амандмани. Ова е узурпација на Собранието и негова злоупотреба за партиски цели, рече денес Илија Димовски.

 
 
04.02.2016 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега