Скандалозниот предлог за цензура СДСМ го преточи во закон

Предлогот на СДСМ за законско решение за медиумите е тие да пишуваат како што Заев и СОРОС диктираат. Со такво решение ќе се постави директна цензура, а истото е скандалозно поради тоа што претставува директно мешање во слободата на медиумите и работата на новинарите.

Доколку се усвои ова законско решение напишано од СДСМ, а препишано и предложено од Ван Хауте, не само што нема да се подобри состојбата во медиумите туку дополнитело ќе се влоши, а слободата на изразување ќе се изедначи со онаа во најнедемократските земји.

Заев сака медиумите да работат под негова контрола, а со овој цензорски закон лидерот на СДСМ создава простор да им се одмазди на неговите најголеми политички непријатели. Откако пред два месеци на скандалозна прес-конференција Заев изјави дека медиумите се негови најголеми политички непријатели, тогаш е сосема јасно зошто првиот човек на опозицијата сега сака да воведе ваков цензорски, срамен и недемократски Закон за медиуми. Заев на 1-ви декември минатата година изјави дека најгледаните телевизии и најтиражниот дневен весник се политички непријатели на СДСМ.

Во цензорскиот предлог закон на СДСМ стои дека овластени предлагачи на членови на Советот се две невладини организации кои се активни подолго од пет години во областа на унапредувањето на човековите права, медиумските слободи и демократските вредности и кои постигнале релевантни резултати во областа во која дејствуваат предлагаат по еден член.

Исто така, во став 4 од истиот член стои дека овластени предлагачи на членови на Програмскиот Совет се три невладини организации кои се активни подолго од пет години во областа на унапредувањето на човековите права, медиумските слободи и демократските вредности и кои постигнале релевантни резултати во областа во која дејствуваат предлагаат по еден член.

Скандалозниот предлог за цензура, преточен во закон всушност значи медиумите да пишуваат како што Заев и СОРОС ќе диктираат.  После членот 62, се додаваат два нови члена 62-а и 62-б, кои се однесуваат на политички плурализам во вестите и дневно-информативните програми и политички плирализам во дебатните, актуело-информативните и контактните програми.

-Во вестите и дневно-информативните програми не смее прекумерно да се нагласуваат гледиштата и мислењата на една конкретна личност, институција или организација Презентерите на вести и новинарите, во вестите и дневно-информативните програми не смеат да изразуваат нивни лични гледишта, стои во третиот и петтиот став од членот 62а.

Во член 62-б од овој скандалозен закон, Заев сака освен на новинарите да се вмеша и во работата на презентерите на вести и водителите на емисии.

(2) Презентерите и водителите на дебатните, актуелно-информативните и контактните програми можат да искажат сопствено мислење за прашањата за кои дебатираат, но не смеат да фаворизираат едно одредено гледиште, односно да ги исклучуваат другите алтернативни гледишта за темата која е предмет на дискусија во програмата.

(3) Гледиштата и фактите во дебатните емисии не смеат да бидат погрешно претставени.

Со вметнување на  „не смеат“, овој закон директно наредува на сите медиумски работници како треба да работат и како да се однесуваат, што да кажат, како да разговараат… Заев и Ван Хауте треба да одговорат дали со вакви забрани, целат кон тоа новинарот кој нивните правила ќе ги прекрши да биде казнет.

 
 
04.02.2016 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега