Студен бран над Македонија - вечерва доаѓа снег

Облачноста врзана со атмосферскиот фронтален систем кој се приближува кон нас постепено почнува да се зголемува низ земјава. Претпладнево од истата се очекува локален дожд во западниот регион, пишува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро

 

Подоцна во текот на денот, врнежите ќе бидат поизразени во источниот регион, а навечер тие постепено ќе престануваат, освен во југозападниот крај, каде сеуште слабо ќе „проврнува“. Падот на температурата кој што се очекува попладне ќе услови врнежите на повисоките места да бидат од снег, со услови навечер снегот полека да се спушти и на некои пониски места, но без некои особени услови за формирање на снежна покривка низ низините.

Максималната температура во текот на денот ќе биде „диктирана“ од сеуште присутното јужно влијание претпладне и ќе има вредности од 9°С до 13°С во котлините од северниот и западниот крај, и до 14°С на југоисток.

 

Поосетен пад на температурата се очекува со почетокот на северниот ветер попладне, а истиот ќе биде умрен, со услови локално да биде и засилен.

 

 

В петок рано наутро врнежите насекаде ќе престанат, а облачноста постепено ќе се намалува. 

 

Дневниот максимум в петок ќе биде во граниите од 4°С до 8°С.
И петок ќе биде ветровит ден, иако ветерот во однос на четврток попладне ќе биде нешто послаб.

 
 
04.02.2016 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега