ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА: Кажете ја оваа молитва денеска и светецот ќе ви помогне

Преподобен Максим се роди околу 580 година во Цариград. Имаше високо потекло. Во младоста се здоби со врвно образование беше најголемиот философски ум на своето време. Едно време служеше како императорски секретар, а потоа ја напушти службата и се повлече Хризополскиот манастир до Халкидон. Наскоро, неговото име неоделиво ќе се врзе за православната борба против монотелитската ерес. Заради своето тврдо исповедништво ќе биде осакатен и ќе умре в затвор, во 662 година. Неговото дело правилно го оцени шестиот вселенски собор, одржан во 680 година. Од него ни останаа многу значајни дела.

Денеска за да се избавите од маките се кажува оваа молитва:

"Учител на Православието, учител на побожноста и чистота, Максим мудар, учење твое сите не просветли, моли Христа Бога да ги спаси душите наши ."

 

 
 
03.02.2016 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега