Нека не ве лаже сонцето: Подгответе се за студ и снег
Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер, особено во западните делови.
Температурата ќе се движи од 11 до 21 степен.
Во Скопје сончево, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер.
Температурата до 17 степени.
Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север во четврток ќе има врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови, каде локално ќе наврнат околу 20 л/м2 воден талог. Вo петок во утринските часови врнежите постепено ќе престануваат.
Во четврток и во петок ќе дува умерен, повремено силен ветер од северозападен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина над 70 км/час и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот.
Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно, но посвежо време.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа