Најавени засилени напади врз ИД

Земјите-учеснички во Меѓународната антиџихадистичка коалиција, предводена од САД, денеска на средба во Рим ја потврдија својата решеност да ги засилат нападите врз џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија и Ирак, но во исто време изразија загриженост поради нејзиното ширење во Либија, пренесе МИА.

– Ќе ги засилиме и ќе ги зачестиме нападите врз ИД. Повторно ја потвдруваме нашата определба да ја уништиме оваа варварска организација, се наведува во заклучоците од средбата на министрите за надворешни работи на 23 земји-членките на Антиџихадистичката коалиција.

Во документот се изразува задоволство од загубите што ги претрпе ИД од воздушните нападите на авионите на меѓунароната коалиција, при што се нагласува дека благодарејќи на овие акции џихадистите биле принудени да се повлечат од 40 отсто од територијата што ја контролираа во Ирак и од голем дел од подрачјата во Сирија.

– Но, не сме тука за да се фалиме. Знаеме дека имаме работа со исклучитечно прилагодлива и упорна организација, која е способна да изготви стартешки план, па затоа не треба да ја потценуваме, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони, кој беше домаќин на собирот.

Амриканскиот државен секретар Џон Кери од своја страна нагалси дека коалицијата ќе продолжи неуморно да ја спроведува својата стратегија, со цел да не и даде можност на ИД „да се регрупира, да побегне или да се скрие“.

Во завршната декларација министирте учесници на средбата изразуваат и загриженост поради се поголемото влијание на ИД во Либија.

– Коалицијата со вниманите продолжува да го следи развојот на настаните во Либија и е подготвена да и помогне на владата на национално едниство, се наведува во документот, при што се додава дека засега „не може да се говори за преземање интервенција“ во оваа северноафриканска земја.

 
 
02.02.2016 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега