Наскоро оглас за финансиска поддршка на земјоделските задруги
На 24-ти февруари ќе биде објавен огласот за финансиска поддршка на земјоделските задруги, истакна денес министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Министерот Цветков потенцира дека посветуваат големо внимание на земјоделските задруги и додаде оти досега се формирани 27, од кои 22 се од мал обем, од 10 до 19 членови.
Два милиони евра се обезбедени преку ИПА 2 за земјоделските задруги.
Тој потенцира дека на 10 февруари ќе биде објавен оглас за набавка на пчелни матици и за опрема за пчеларите.
Со ова е задоволено барањето на пчеларите.
Издвоени се и 1 милион евра за инвестиции за пасиштата.
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски нагласи дека огласот за млад земјоделец излегува утре во дневните весници и ќе трае еден месец. Ќе можат да аплицираат сите кои имаат бизнис план, програма за реализација на инвестиција до 10 илјади евра.
– Интересесот е огромен. Се интересираа многу земјоделци заради тоа што лани имаме исплатено околу 45 милиони денари. Лани од 143 апликации поднесени, 134 се одобрени, рече Костадиновски.
На денешниот состанок со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа и градоначалниците на општините Новаци, Кисела Вода, Ресен, Кривогаштани и Василево Лазар Котевски, Билјана Беличанец-Алексиќ, Ѓоко Стрезовски, Тони Заткоски, Ванчо Стојанов кои имаат висок степен на искористеност на мерките од програмата за рурален развој
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа