Министерот Изаири во посета на Прилеп

 

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска ја посети општина Прилеп, при што оствари работна средба со градоначалникот Марјан Ристески.

На средбата стана збор за актуелните случувања и тековни проекти кои се реализираат во Општина Прилеп.

Пред почетокот на посетата на локацијата каде што се гради пречистителната станица за отпадни води за градот Прилеп, се одржа координативен состанок за проектот „Пречистителна станица“. На состанокот присуствуваа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање како носители на проектот, претставници од договорниот орган CFCD од Министерството за финансии, претставници од Европската комисија, како изведувач на градежните работи  „Лудвиг Фајфер“, консултантската фирма IGIP како надзор на проектот, претставници од Локалната самоуправа и ЈКП „Водовод и канализација“.

Во првата фаза, се замени канализациона мрежа во должина од 23 километри, а во втората фаза се очекува да се замени 45 километри канализациона мрежа. Ова е првиот македонски проект со кој се обезбедени средства од третата компонентна на ИПА фондовите на ЕУ во вредност од околу 14 милиони евра, а остатокот на средствата односно околу 6 милиони евра, се обезбедени од Буџетот на Република Македонија. Овој проект е од исклучително значење за Прилеп бидејќи е една од ретките општини на Балканот која ќе има комплетен третман на отпадните води и ќе има најчиста река која врви низ централното градско подрачје.

 
 
22.01.2016 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега