Непријатен пораз на Македонија на стартот на втората фаза на ЕП во Полска
Во првиот натпревар од втората фаза одигран вечерва во Краков македонската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 34:24 (17:13).
Натпреварот Македонија го почна многу лошо и тешко наоѓаше решение за одбраната на Хрватска, која на моменти беше 5-1, а некогаш и 3-2-1. Во таква ситуација по само десет минути игра противникот поведе со 7:1. Со неколку измени во нашиот состав дојде и до подобра реализација во нападот. Сепак и Хрватска беше ефикасна во нападот, па во 25. минута го имаше и највисокото водство во првот дел од 15:8. До крајот на првиот дел Македонија беше подобра со 5-2 и по 30 минути игра беше 17:13 за Хрватска.
На почетокот на вториот дел преку младиот Филип Кузмановски Македонија намали на 17:14, но потоа Хрватска пак ја презеде контролата над резултатот и во 39. минута првпат поведе со + 8 (24:16). На половина од вториот дел Хрватска за првпат поведе со двоцифрена разлика (28:18) и со тоа практично ја потврди победата.
Најефикасен кај Македонија беше Дејан Манасков со 7 голови (без промашување), додека кај Хрватска најмногу голови постигна Иван Слишковиќ 6 исто без промашување.
Најефикасен кај Македонија беше Дејан Манасков со 7 голови (без промашување), додека кај Хрватска најмногу голови постигна Иван Слишковиќ 6 исто без промашување.
Табела: Хрватска 4 бодови, Франција 4 ,Полска 4, Норвешка 4, Македонија 0, Белорусија 0.
Следниот натпревар Македонија го игра на 25.јануари (понеделник) против селекцијата на Норвешка.
21.01.2016 - 22:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа