Пахор во прва официјална посета на земјава
Словенечкиот претседател Борут Пахор утре ќе допатува во Скопје каде во следните два дена ќе оствари официјални средби со македонскиот државен врв.
Во рамки на посетата Пахор ќе оствари средба со својот домаќин, претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.
Исто така, планирано е претедателот на Словенија да ја посети хидроцентралата Св. Петка.
Во среда, на Скопскиот саем двајцата претседатели ќе се сретнат со претставниците на словенечките компании и со преостанатите словенци кои што живеат и работат во Македонија.