Мојсовски: Македонија веќе не е репрезентација со 7 играчи
Македонската ракометна репрезентација утре ќе ги започне возбудувањата на Европското првенство во Полска со пресметка со силната Франција, натпревар на кој нашите ракометари ќе немаат што да загубат, а од кој можат само многу да добијат.
Добрите настапи во подготвителниот период секако придонесоа атмосферата да биде далеку поопуштена и порелаксирана во соблекувалната во пресрет на големото натпреварување, на кое значаен придонес секако се очекува од еден од поискусните играчи во репрезентацијата, Наумче Мојсовски.
– Почнуваме да ја постигнуваме онаа посакувана нагорна линија, видовме на овие подготвителни натпревари дека можеме да одиграме добро и дека оние млади играчи кои ги очекувавме „да стасаат“ веќе се со нас во тимот и се борат за своето место. Лично се чувствувам подготвен, во Словенија имав добар настап, се чувствувам подготвен да издржам 30-40 минути на теренот. Ми беа потребни тие натпревари што ги одиграв во Романија, сега во Словенија имаше 2-3 исклучувања на мене, дадов 2-3 гола, мислам дека се ќе биде во ред. Имаме нови играчи, заслужуваат сите да играат, зашто да не се менуваме? Македонија повеќе не е репрезентација која има само 7 играчи кои играат од почеток до крај, – изјави Мојсовски за „Дерби“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа