Филмска бркотница во Свети Николе

 

Околу 16 часот и 50 минути на регионалниот пат Овче Поле-Свети Николе пред влезот во Свети Николе од страна на полициски службеници при контрола на патничко возило „шкода фелиција“, управувано од 37-годишниот Б.С. од Гостивар,  затекнати се четворица марокански државјани кои илегално оствариле влез во Македонија. Полициските службеници направиле обид да запрат и патничко возило „цитроен“ кое се движело после првото патничко возило, но тоа не застанало. Возилото подоцна било пронајдено во близина на бензинска пумпа во Свети Николе, а возачот се дал во бегство. По преземени мерки констатирано е дека сопственик на двете возила е Б.С., а возач на патничкото возило „цитроен“ бил Ј.Р. (38) од Гостивар. Тие требало да ги пренесат странските државјани до Куманово за износ од по 20 евра по човек.

Б.С. и странските државјани се приведени, а се преземаат мерки за пронаоѓање на Ј.Р.

 

 

 
 
13.01.2016 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега