Скопје: И влегол во продавница со пиштол
Во 19 часот и 30 минути синоќа 67-годишната Р.С. од Скопје пријавила дека 45 минути пред да се јави во полиција, на булеварот „Крсте Мисирков“, во продавница за текстил, непознато лице извршило разбојништво во обид. Разбојникот влегол во продавницата и со закана со пиштол побарал од Р.С. да му каже каде се парите. Истата излегла надвор и повикала помош, по што тој побегнал без да одземе ништо.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
12.01.2016 - 13:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа