Меси си доби посебен дел во клупскиот музеј

 

Најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси си доби посебен дел во клупскиот музеј.  

Барселона на првиот спрат од музејот одвои 70 квадратни метри на кои се изложени најголемите признанија што ги има добиено Аргентинецот, а тоа се четирите Златни топки и двете Златните копачки, а делот е веќе отворен за посетители.

Инаку, музеј во кој голем дел ќе биде посветен на Меси се гради и во неговиот роден град Росарио.

најчитано сега