Интервју со Зоран Заев во 2016та
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев има отворена покана за интервју за Прес24 за 2016 година. Изминатава 2015, ги одби сите покани за да биде дел од проектот за неделни интервјуа на поратлот, во кој беа објавени повеќе од 50 интервјуа, со домашни, странски политичари, аналитичари од Македонија и регионот, интелектуалци, универзитетски професори.
Новогодишниот термин за интервју е отстапен за лидерот на опозицијата, во случајот Зоран Заев.
Прес24, ги објавува дванаесетте прашања за Заев, кој може да го избере терминот за своето интервју во следната 2016 година.
ПРАШАЊЕ ЗА ЈАНУАРИ: Ги предадовте матерјалите со кои изминатава година ја бомбардиравте власта. Сега се е во рацете на Специјалното јавно обвинителство. Како се чувствувате сега, вака „разоружан", ослабен или доволно моќен за политичка битка оваа 2016 година?
ПРАШАЊЕ ЗА ФЕВРУАРИ: Во јавноста излезе, можеби најскандалозниот случај, по Вашата афера со прислушувањето, случајот со Фабриката за Афери. Вие не негиравте дека сте блиски со осомничените. Дали таа блискост е од толкава доверба за да се најдат 70.000 прислушувани разговори од архивата на СДСМ во архивата на осомничените?
ПРАШАЊЕ ЗА МАРТ: Во февруари 2015 тргнавте во походоот кој требаше да значи пад на оваа власт. Но денеска, анкетите покажуваат дека власта на ВМРО ДПМНЕ е на раб на уште една голема победа. Мислите дека Вие некаде погрешивте со тактиката, или пак како што велеше Вашиот претходник, народот е тој кој греши?
ПРАШАЊЕ ЗА АПРИЛ: Ќе одите на избори?
ПРАШЊЕ ЗА МАЈ:Дали лидерот на партијата што ќе ги загуби изборите треба да си поднесе оставка?
ПРАШАЊЕ ЗА ЈУНИ: Дали се плашите од евентуална осудителна пресуда во случајот „Пуч".
ПРАШАЊЕ ЗА ЈУЛИ: Кому повеќе му верувате, на Катица Јанева, Зоран Верушевски, или на „странските служби"?
ПРАШАЊЕ ЗА АВГУСТ: Се уште ли мислите дека медиумите се Вашите најголеми непријатели?
ПРАШАЊЕ ЗА СЕПТЕМВРИ: Кого го гледате како Ваш евентуален наследник на претседателската функција во СДСМ?
ПРАШАЊЕ ЗА ОКТОМВРИ: Зошто го одбравте концептот на деструктивна политика, со секојдневн напади на власта, наспроти реална програма?
ПРАШАЊЕ ЗА НОЕМВРИ: Можете ли да наброите пет успешни и добри проекти на власта во овие години?
ПРАШАЊЕ ЗА ДЕКЕМВРИ: Можете ли да посочите пет Ваши погрешни политички чекори?
Редакцијата на Press24 и натаму останува отворена за лидерот на СДСМ Зоран Заев. Подготвени секогаш и во секое време да направиме интервју со техника која на опозицискиот лидер ќе му одговара. Подготвени сме интервјуто да биде во пишана форма со претходна авторизација а доколку се покаже интерес попдготвени сме интервјуто да го снимаме и со камери па да го објавиме во видео формат.
Се надеваме дека 2016та ќе ни донесе повеќе среќа и конечно ќе успееме на опозицискиот лидер да му ги поставиме најмалку овие 12 прашања. На крајот на се, и ние имаме право на новогодишна желба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа