Попоски: Граѓаните и нивните идеи ќе ја направат следната програма на ВМРО-ДПМНЕ најквалитетна до сега

 

ВМРО-ДПМНЕ е секогаш блиску до граѓаните. Се обидуваме она што сме го ветиле секогаш да го испорачаме. Пристапот ни бил да не ветуваме многу, но тоа што ќе го ветиме максимално да го реализираме. Тоа што се граѓаните дел од следната програма и нивните идеи, веројатно ќе ја направи следната програма на ВМРО-ДПМНЕ најквалитетна до сега, истакна Никола Попоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на трибината- дел од кампањата “На Македонија и треба твојата идеја”, која вечерва се одржа во Тетово.

-Нашите политички противници мислат дека ако не направиле програма или не понудиле нешто што ги интересира граѓаните, можеи најдобро е да седнат и да се занимаваат со фалсификување, со презентирање на лажни податоци, со креирање на некакви материјали, со фалсификување на лични лични карти и веројатно мислат дека овој пристап е подобар од оној кој ние се обидуваме да го промовираме, со склопување на програма, со проекти кои се значајни за граѓаните и кои потоа се обидуваме да ги реализираме. Но, граѓаните на Македонија се доста добро едуцирани во делот на политиката и знаат да одберат кој пристап повеќе им одговара и кој е подобар.

Приоритет број еден, рече Попоски, е носење на инвестиции во државата и отворање нанови работни места.

Се осврна и на новиот владин проект Купи куќа за млади лица,кој ќе почне да се реализира во текот на следниот месец.

-Идејата е при земање на кредит кој би траел 20 години, во првите 8 години Владата да субвенционира 80 проценти од месечната рата на тој кредит, во следните 3 години 50 проценти, што значи 11 години да имате високо субвенциониран кредит, знаејќи дека целосниот кредит на отплата ќе биде до 20 години. Има ограничувања, а едно од тие е поединец да нема поголеми примања од 900 евра месечно или семејство да нема повисоки примања од 1.300 евра месечно, бидејќи целта е да им помогнеме на тие на кои најмногу им треба да се стекнат со свој дом, додаде Попоски.

 
 
24.12.2015 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега