На Бугарите им се исплаќа пломби и бенизн да ставаат во Македонија

 

Се повеќе Бугари доаѓаат во Македонија за да користат стоматолошки услуги бидејќи кај нив цените се за два до три пати повисоки. Најблиска дестинација за ова е Делчево.

Бугарскиот весник „Стандарт“ пишува дека за мост, четири пломби и вадење заб во Бугарија се плаќа 1000 лева, а во Делчево сето ова чини 400 лева.

Растојанието од Благоевград до Делчево е 38 километри така што, како што наведува весникот, оваа стоматолошка екскурзија изгледа добро дури и да се пресмета горивото за возилата. Дури за стоматолошките услуги во Делчево се плаќа во бугарски левови.

Бугарите исто така одат во Македонија да набават и бензин поради различната цена на горивата од двете страни на границата. Така, според бугарската „Нова теелвизија“ литар дизел во Бугарија чини нешто над два лева, а во Македонија се продава за околу 1,5 лева.

 
 
24.12.2015 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега