Подароци за лицата со пречки во развојот во центарот „Порака“ во Волково

 

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров Сокол  Митровски традиционално ги посети штитениците во Центарот за лица со пречки во развојот во населбата Волково.

Како што соопшти општина Ѓорче Петров за штитениците на овој центар биле обезбедени 50 новогодишни подароци.

Градоначалникот Митровски во својата изјава истакна дека овој центар секогаш ќе ја има поддршката од општината  поздравувајќи ги напорите и ентузијазмот со кој работат одговорните во центарот.

Центарот, со кој раководи НВО„ Порака“ од Неготино, неодамна доби сосема нов лик и е во завршна фаза уште еден објект во кој ќе има дневен центар, четири работни соби и соби во кои ќе бидат сместени 10 штитеници од центарот. Штитениците, под раководство на ментори, се грижат за десет кози, имаат мини фарма за кокошки и зајаци. Исто така, за лични потреби се одгледува и здрава, органска храна која се користи за потребите на центарот.

Одговорните од НВО „Порака“ му се заблагодарија на градоначалникот Митровски за неговата ангажираност во помагање за реализирање на зацртаните проекти.

Претставниците од НВО „Порака“ и штитениците на градоначалникот Митровски му дадоа подарок кои сами го изработиле.

 
 
24.12.2015 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега