Утре сончево и топло, нема спас од маглата

 

На повисоките места и во јужните делови од земјава сончево и релативно топло за овој период. По одделни котлини ќе биде магливо и претежно тивко со променлива видливост и посвежо. Кон крајот на денот ќе има појава на локална облачност и слаб ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од пет до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево. Кон крајот на денот ќе има појава на локална облачност и слаб ветер од северен правец.

Температурата ќе достигне до шест степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла по котлините, особено во утринските и ноќните часови. Во петок ќе дува слаб, повремено умерен северен ветер.

 
 
23.12.2015 - 18:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега