Сите информации за „Купи куќа за млади“ на едно место

 

Од денес сите заинтересирани за проектот „Купи куќа за млади“ ќе можат да се информираат во Канцеларијата „Купи куќа, купи стан“ во Министерството за финансии.

Луѓето од проектот „Купи куќа, купи стан“ ќе им стојат на располагање на граѓаните секој работен ден до 15 часот да им објаснат која е постапката за аплицирање и кои се условите кои апликантите треба да ги исполнат.

„Купи куќа за млади“ е проект кој чекор напред од„Купи куќа, купи стан“ , се однесува на млади до 35 години и нуди дополнителни поволности. „Купи куќа за млади“ дава неповратни средства за купување, изградба или надргадба на куќа во висина од 80 отсто од месечната рата за кредитот во тек на 8 години и 50 отсто од ратата плус уште три години, или пак обезбедува 25 отсто од учеството за кредитот.

 
 
23.12.2015 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега