ВИДЕО: Невиден резил на опозицискиот пратеник среде македонското Собрание
Пратеникот на опозицијата и претседател на партијата ЛДП, најверојатно брзо ќе сака да го заборави вчерашниот ден. Имено, тој од собраниската говорница, во 21 век се обиде да ги изманипулира граѓаните со фалсификувана и монтирана фотографија на еден од фалсификаторите кои важат за блиски до СДСМ со премиерот Груевски.
Фотографијата која ја држеше во рака пратеникот Горан Милевски од авион се гледа дека е лош фотошоп и далеку од квалитетот и капацитетот за фалсификат кој го има во опозициските структури, особено ако се има предвид дека пред една година беше објавено видео со наводна афера со фалсификувани пасоши со далеку подобар квалитет од оваа фотографија но и беа фалсификувани лични карти за кои МВР отвори опсежна лична карта
Да се пуштаат фотошопирани лични карти во медиумите не е ништо ново за опозициските структури, но кога тие ќе се објават на собраниската говорница, експертите велат дека говорат за паниката која владее меѓу опозиционерите.
Но на лагата и се куси нозете. Веднаш излезе оригиналната фотографија а потоа и многу фотографии кои шегата ја упатија на сметка на опозиционерите.
Но она што не е фотошоп и што е објавено на официјалната фан страна на СДСМ е фотографијата на Генералниот секретар на партијата и технички Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски со еден од осомничените за фалсификатот, Аднан Сума.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа