Мисајловски и Валандер го зацврстија сојузништвото: Македонија и САД ја продлабочуваат одбранбената соработка

 


На маргините на министерскиот состанок на САД- Јадранската повелба, министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска оствари средба со помошничката на секретарот за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања, Селест Валандер.

-Македонско-американските билатерални одбранбени односи се рефлексија на стратешкото партнерство и сојузништво кое постои помеѓу нашите две земји.
Благодарност за поддршката во процесот на модернизација на македонската Армија и за континуираниот интерес за развој на интероперабилноста помеѓу нашите две сојузнички Армии, потенцира Мисајловски.

04.12.2024 - 20:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега