Георгиевски: СДСМ ги користи човечките несреќи за ситни политички поени
На денешната седница во Собранието на Република Македонија пратениците дебатираат по иницијативата за интерпелација на министерот за здравство Никола Тодоров.
На оваа седница, со своја реплика кон обвинувањата од пратениците од СДСМ за состојбата во здравството во Македонија имаше и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Георгиевски.
„Колега Георгиев, како хирург малку ме разочаравте затоа што на хирург не му личи да својата теза за интерпелација на министерот ја базира на тумачење на човечките несреќи. Никогаш нема да се сложам за тоа човечките несреќи да ги употребувате за купување на политички поени“, истакна пратеникот Георгиевски.
Пратеникот Зоран Георгиевски се осврна и на обвинувањата во врска со одлевање на доктори во странство.
„Вработен сум во здравството од 86та година. Малку колеги знаат за замрзнатите плати во здравството од осамостојувањето на Македонија до 2006 година. Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ ги покачи платите во здравството“, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Георгиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа