Скопјанец заврши зад решетки за 200 денари
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 46-годишен скопјанец М.С. осомничен за кражба, за што судија на претходна постапка му одредил притвор од осум дена.
На 4 декември околу 19 часот М.С. во автобус на ЈСП број 5 кој сообраќал од Центар кон Ѓорче Петров, од чантата на патничка украл паричник во кој имало 280 денари, искористувајќи го нејзиниото невнимание и метежот во автобусот.
Како што информира МВР, додека го извршувал кривичното дело М.С. бил забележан од граѓанин кој го совладал и му го одзел паричникот, по што на автобуска постојка во населбата Ѓорче Петров бил приведен од полициската единица Алфа.
МВР наведува дека М.С. е познат сторител од областа на имотни деликти, за што досега му биле поднесени 12 кривични пријави за извршени вкупно 15 џебни кражби и кражби на дрзок начин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа