Крадците направија „парче" на Свети Никола во Скопје

Вчера во Скопје на улицата „Никола Вукмиров“ непознат сторител со употреба на подесен алат насилно ја отворил влезната врата од куќата на 37-годишниот Д.Б.и извршил тешка кражба при што одзел златен накит и 450 евра по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 360.000 денари.

Исто така, во текот на вчерашниот ден, во Скопје на улицата „Социјалистичка Зора“ непознат сторител со употреба на подесен алат насилно ја отворил балконската врата од стан сопственост на 65-годишниот К.Т. и извршил тешка кражба при што одзел златен накит, 750 евра и 4.500 денари по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 90.000 денари. 

Полицијата работи на случајот.

 
 
20.12.2015 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега