Тажна вест: Почина новинарката на ТВ Телма

 

Бакевска сиот живот го посвети на книгата во секој нејзин вид, не само како страствен читател на поетски, прозни, публицистички и теориски дела, но, пред сем како професионален проследувач на овој домен во нејзиниот зрел, седумнаесет години долг работен век, почнувајќи од нејзиниот повеќестран ангажман во книгоиздателството „Култура“ кадешто се вработи во 1998 година, се до нејзината уште покративна професионална фаза остварена како новинар во Телевизија Телма каде работеше од 2000. година до денес.

„Во текот на ноќта откажа да работи нејзиното истоштено срце, со кое Неда со години, успешно ја водеше својата енергична борба за живот. Иако нејзниот живот прерано згасна, Неда останува пример на храбро соочување со судбината чии, на пати најжестоки пред се' здравствени удари, таа ги надминуваше со невиден витализам и потоа здржано и смело, ги проследуваше со духовити, на пати иронични коментари и... со својата незаборавна, широка насмевка“, објави Телма.

Неда Бакевска е ќерка на истакнатиот писател Петре Бакевски.

 
 
20.12.2015 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега