ПРЕСМЕТАВМЕ: Колку треба да ви биде минималната плата за можете да земете субвенциониран кредит за куќа

Новиот проект на Владата Купи Куќа за млади е предизвика огромен интерес меѓу граѓаните помлади од 35 години кои имаат намера да купат куќа. Ние направивме пресметка, колку би добиле како субвенција од Владата доколку се решите да земете кредит меѓу 20.000 и 50.000 евра. Пресметавме колку би била вашата рата во првите 8 години, додека трае субвенцијата на владата според која таа ви плаќа 80% од месечната рата, потоа пресметавме колку ќе треба да плаќате месечно во наредните 3 години додека субвенцијата е 50% од ратата и колку ви преостанува да плаќате во наредните 9 години кога немате субвенции. Направивме математика и колку ќе добие банката како камата и колку ќе вратите заедно со Владата откако ќе го исплатите целиот кредит, по 20 години. Во пресметките користевме средна, просечна годишна каматна стапка од 5,76 проценти за цело време на исплаќање на кредитот за да можеме да направиме попрецизна пресметка. Се разбира, каматата во првите 3 години ќе биде 3,9% а во наредните две околу 4,5% а потоа, за цело време на исплаќање на кредитот, односно во останатите 15 години, каматата би била околу 6,5% колку што се моменталните камати во банките за станбени кредити.

Согласно политиките на банките, за да земете кредит, потребно е да имате 3 пати повисоки месечни примања од месечната рата за кредитот. Доколку сте во брак, вашиот брачен партнер може да ви биде кокредитобарател па така, вкупниот износ на вашите две плати ќе треба да биде 3 пати повисок од месечниот износ на ратата. 

Повеќе детали за проектот и условите за учество во него, прочитајте тука

СУМИТЕ СЕ ВО ЕВРА

ИЗНОС НА КРЕДИТ

20.000

30.000

40.000

50.000

Месечната рата за кредитот ќе изнесува:

140

211

281

351

Првите 8 години Владата плаќа 80% од Вашата рата или сума од:

112

169

225

281

Првите 8 години Вие плаќате 20% од Вашата рата или сума од:

28

42

56

70

Наредните 3 години Владата плаќа 50% од Вашата рата или сума од:

70

105

140

175

Наредните 3 години Вие плаќате 50% од Вашата рата или сума од:

70

105

140

175

Наредните 9 години до крајот на кредитот Вие плаќате 100% од ратата или сума од:

140

211

281

351

пВкупната субвенција на Владата изнесува:

13.272

20.004

26.640

33.276

Вкупно (главница+камата) вие за 20 години ќе платите:

20.328

30.600

40.764

50.928

Вкупната камата на кредитот која ќе ја наплати банката изнесува:

13.600

20.604

27.404

34.204

Вкупната сума (главница+камата) која ќе и се врати на банката изнесува:

33.600

50.604

 

67.404

84.204

Колку треба да ви биде минималната плата (доколку сте во брак заедно со брачниот партнер) за да го земете овој кредит

420

633

843

1053

 
 
19.12.2015 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега