Обука во организација на УМС на тема „Бизнис алатки и иновации во бизнисот“

Во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска во СЦ Борис Трајковски се одржа обука на тема „Бизнис алатки и иновации во бизнисот“.

Младите овој и следниот викенд ќе имаат можност да слушнат голем број на предавачи, истакнати експерти од приватниот и јавниот сектор чие искуство може навистина да им помогне во развивањето на нивните вештини.

-Целта е на младите да им се помогне во стегнување на дополнителни добри практики и вештини кои би им помогнале во развивањето на нивните претприемачки способности во иднина или сега, објасни Тимчо Муцунски, заменик министер за информатичко општество и администрација.

-УМС ги разбира потребите на младите  и цели да им помогне во остарување на напредок во нивните кариери. Владата на Република Македонија навистина се грижи во развивањето на претприемништвото и сите активни политики кои што ги има се едни од најсилните борци во намалувањето на стапката на невработеност. Стапка на невработеност која што сега достигнува рекордно ниско ниво, истакна тој.

Присутните на обуката денеска имаа можност да слушнат предавање од директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо, како и од директорот на Фондот за иновации  Јасмина Поповска.

 

 
 
19.12.2015 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега