Пресметавме: Колку ќе платите вие а колку Владата доколку земете кредит за нова куќа
Новиот проект на Владата Купи Куќа за млади е предизвика огромен интерес меѓу граѓаните помлади од 35 години кои имаат намера да купат куќа. Ние направивме пресметка, колку би добиле како субвенција од Владата доколку се решите да земете кредит меѓу 20.000 и 50.000 евра. Пресметавме колку би била вашата рата во првите 8 години, додека трае субвенцијата на владата според која таа ви плаќа 80% од месечната рата, потоа пресметавме колку ќе треба да плаќате месечно во наредните 3 години додека субвенцијата е 50% од ратата и колку ви преостанува да плаќате во наредните 9 години кога немате субвенции. Направивме математика и колку ќе добие банката како камата и колку ќе вратите заедно со Владата откако ќе го исплатите целиот кредит, по 20 години. Во пресметките користевме средна, просечна годишна каматна стапка од 5,76 проценти за цело време на исплаќање на кредитот за да можеме да направиме попрецизна пресметка. Се разбира, каматата во првите 3 години ќе биде 3,9% а во наредните две околу 4,5% а потоа, за цело време на исплаќање на кредитот, односно во останатите 15 години, каматата би била околу 6,5% колку што се моменталните камати во банките за станбени кредити.
Повеќе детали за проектот и условите за учество во него, прочитајте тука
СУМИТЕ СЕ ВО ЕВРА
ИЗНОС НА КРЕДИТ |
20.000 |
30.000 |
40.000 |
50.000 |
Месечната рата за кредитот ќе изнесува: |
140 |
211 |
281 |
351 |
Првите 8 години Владата плаќа 80% од Вашата рата или сума од: |
112 |
169 |
225 |
281 |
Првите 8 години Вие плаќате 20% од Вашата рата или сума од: |
28 |
42 |
56 |
70 |
Наредните 3 години Владата плаќа 50% од Вашата рата или сума од: |
70 |
105 |
140 |
175 |
Наредните 3 години Вие плаќате 50% од Вашата рата или сума од: |
70 |
105 |
140 |
175 |
Наредните 9 години до крајот на кредитот Вие плаќате 100% од ратата или сума од: |
140 |
211 |
281 |
351 |
Вкупната субвенција на Владата изнесува: |
13.272 |
20.004 |
26.640 |
33.276 |
Вкупно (главница+камата) вие за 20 години ќе платите: |
20.328 |
30.600 |
40.764 |
50.928 |
Вкупната камата на кредитот која ќе ја наплати банката изнесува: |
13.600 |
20.604 |
27.404 |
34.204 |
Вкупната сума (главница+камата) која ќе и се врати на банката изнесува: |
33.600 |
50.604
|
67.404 |
84.204 |
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа