Спасовски го полни МВР со партиски војници и неискусни кадри

Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, во моментов на функција технички назначен Министер за внатрешни работи, го наполни кабинетот со партиски кадри на СДСМ кои претходно немале никакво искуство во полицијата. Згрижувањето на партиската војска на товар на државата, односно министерството, граѓаните ги чини преку 10 000 евра месечно со оглед на фактот дека функционерите на СДСМ добиваат месечни плати од околу 1000 евра.

Последен во низата истакнати партиски кадри кои ги вдоми Оливер Спасовски е Горан Трајановски. Овој член на СДСМ кој преходно беше Претседател на партиската комисија за информатичко општество сега е назначен за Државен советник за телекомуникации и информатика.

На Горан Трајановски му претходеше Магдалена Несторовска која е советник на СДСМ во општина Карпош. Спасовски неа ја назначи за државен советник за човечки ресурси.

 

Владимир Пивоваров кој исто така влезе во кабинетот на Спасовски беше дел од комисијата за Безбедност на СДСМ.

Лазе Велковски кој од Спасовски е назначен за државен советник за полициски и криминалистички работи стана познат во јавноста како обезбедување на Радмила Шекеринска, иако беше вработен во Агенцијата за разузнавање од каде што беше преземен во МВР.

Пензионерот Раде Јанковски кој е назначен за шеф на кабинетот на Спасовски, Кирил Митиќ на кого му е доверена позицијата државен советник за полициски и криминалистички работи, Драган Симоновски генерален советник за полициски и криминалистички работи, Живко Темелкоски-државен советник за финансиско и материјално-технички работи и Љубица Јакимовска - државен советник за правни работи, исто така важат за кадри блиски до СДСМ.

 

Спасовски подготвува партиски чистки во МВР

Прес24 дојде до ексклузивни информации дека токму овие партиски кадри, Спасовски ги назначил за Претседатели на комисиите за распоредување и унапредување во министерстото и во органите во рамки на министерството, иако некои од нив немаат ниту еден ден работно искуство во МВР.

Имено, според документите до кои дојде Прес24 за Претседател на Комисија за распоредување и унапредување на работни места во организациските единици за потребите на МВР како Претседател е назначен Лазо Велковски, а во комисијата со решение за член е поставен и Драган Симоновски.

Во Комисиите за прераспоредување во Бирото за јавна безбедност, како претседатели се назначени советничката на СДСМ од Општина Карпош Магдалена Несторовска, Живко Темелковски и  Драган Симоновски, а како членови се назначени останатите од кабинетот на Спасовски.

Магдалена Несторовска

Во Комисијата за распоредување и унапредување за работни места во Управата за безбедност и контраразузнавање со решение Спасовски го назначил претседателот на Комисијата за информатичко општество на СДСМ Горан Трајановски.

 

Искусните полициски професионалци со кои контактиравме изразуваат чудење за смените во комисиите за прераспоредување и ги толкуваат како политички притисок и обид за заплашување од страна на технички назначениот министер. Во ситуација кога договорот од Пржино и новиот Закон за Влада го ограничува техничкиот министер во однос на кадровската политика, тие сметаат дека поставувањето на партиски војници и луѓе без искуство во овие комисии се можеби и подготовка за незаконски смени по партиска нарачка од страна на генералниот секретар на СДСМ.

 
 
19.12.2015 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега