НЕОСНОВАНИ ИЗГОВОРИ: СДСМ имала, ама Јанева немала услови за прислушуваните материјали

СДСМ и Зоран Заев измислуваат неосновани изговори со цел да го опструираат договорот од Пржино со непредавање на илегално стекнатите материјали. Илјадници приватни разговори на макеодонските граѓани и натаму се во рацете на функционерите на СДСМ.

Во понеделникот и официјално Јанева побара од СДСМ да бидат испорачани сите незаконски прислушувани разговори. За ова специјалното обвинителство испрати соопшштение до сите медиуми.

Колку изговорите на СДСМ се неосновани најдобро покажуваат тврдењата дека партијата имала, а СЈО и Катица Јанева немале услови за да ги чуваат прислушуваните материјали. Ова особено паѓа во вода ако се знае дека Јанева ги има сите услови за да ги добие материјалите.  За тоа потребни се сеф- кој СЈО го има, просторија- која ја имаат и полиција- која е министерствувана од кадарот на СДСМ Оливер Спасовски.

Во смислувањето на изговори да не се почитува законот, СДСМ е креативна па отиде до таму да условува со законот за обвинителска служба, но вистината е дека нема никаква врска законот за јавно обвинителска служба со обезбедување на услови за материјалите.

Познавачите сметаат дека со прислушуваните разговори Заев ја држи послушноста во својата партија и ја чува својата позиција на политичката сцена имајќи предвид дека партијата до сега не успеа да се наметне како субјект со политичка програма и проекти за граѓаните.

 

Предавањето на материјалиоте стекнати со незаконско прислушување остана единбствената неисполнета обврска од Пржино и воедно единствената која покрај враќањето во Собранието требаше да ја исполни СДСМ.

 
 
18.12.2015 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега