ВМРО-ДПМНЕ: Петре Шилегов е врв на ароганцијата и безобразлукот на СДСМ

Кој било друг пратеник што има образ и барем малку држи до сопствениот углед денеска ќе се засрамеше и ќе се извинеше на својата колешка за изречените навреди, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНE.

Петре Шилегов нема ниту морал, ниту елементарно воспитување.

Во продолжение го пренесуваме целиот текст интергално:

Петре Шилегов фашистички се обидуваше да наметне неговиот глас во Анкетната комисија да вреди повеќе од гласовите на сите останати пратеници избрани од граѓаните.

Петре Шилегов продолжува да прави циркуз и да нанесува срам и штета на угледот на Собранието на Република Македонија.

Петре Шилегов продолжува по стапките на својот лидер.

Петре Шилегов се надева дека доколку ја саботира работата на Анкетната комисија ќе излезе во пресрет на намерите на неговиот лидер за избегнување на изборите.

Петре Шилегов се надева дека доколку го игнорира деловникот за работење на комисијата ќе успее да го пролонгира неизбежниот пораз на СДСМ.

Како и секогаш досега, Петре Шилегов и СДСМ нема да успеат во намерата.

За само 128 дена на 24 април СДСМ ќе мора да се соочи со судот на народот. Како и сите минати 9 изборни циклуси, така и овој пат, 10-ти по ред, народот ќе биде немилосрден кон СДСМ.

 
 
17.12.2015 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега