Времето утре сончево со слаб ветер
Времето утре во Македонија ќе биде сончево со слаб северен ветер. Утрото ќе биде ведро и студено.
Утринската температура ќе се движи од минус осум до нула, а дневната од седум до 13 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе се искачи до девет степени.
Викендов ќе се задржи стабилно и суво време. Во сабота ќе настапи преодно наоблачување, а од понеделник по одделни котлини ќе има појава на магла.
17.12.2015 - 17:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа