Аџо Верушевски повикан да сведочи пред Анкетната комисија заедно со Заев и Палифров

Четврто осомничениот во случајот „Пуч“ Зоран Заев, второ осомничениот во истото дело, Бранко Палифров вработен во општина Струмица и Александар Верушевски син на прво осомничениот Зоран Верушевски се на списокот лица кои политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ги повика на Анкетната комисија за утврдување на политичка одговорност за скандалот со прислушувањата, дознава Press24. 

Тие треба да се појават пред членовите на оваа комисија и да одговараат на прашањата на пратениците.
Претходно, пред комисијата свое излагање имаше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а за денеска е најавено сведочењето на Министерот за финансии и Вицепремиер во Владата, Зоран Ставрески.

Синот на Зоран Верушевски, во скопското криминално подземје познат под прекарот Аџо, во неколку наврати имаше проблеми со законот кога беше осомничен и обвинет за серија тешки кривични дела. 

 
 
17.12.2015 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега