Земјоделците од Иванковци му порачаа на Николовски: Ние сме задоволни од оваа Влада
Земјоделците од велешко Иванковци се задоволни од откупните цени на тутунот, велат дека цените се реални и дека соодвестуваат со квалитетот на понуденото. Тие му порачуваат на заменик-министерот од СДСМ Љупчо Николовски кој беше во посета на селото дека се задоволни од актуелната Влада и нема потреба да има компликации.
Тутунарите од Иванковци велат дека по однос на квалитетот и квантитетот, цените за откуп се реални и се задоволни со истите и покрај тоа што оваа година временските услови не им беа наклонети.
-Ние сме задоволни од оваа Влада, особено земјоделците. Ова село исклучително со земјоделие работи, има доделено 80 трактори, а целата земја е доделена, сите си работат и се задоволни. Субвенциите ги даваат. Заменик министерот беше во Иванковци но не замина кај нашиот откупен пункт. Ние сакавме да му порачаме дека ние сме задоволни од оваа Влада и нема потреба да има компликации.
-Според квалитетот на тутунот јас сум задоволен. Ние сме земјоделско село, 90% од населението се занимава со земјоделие. Тутунот е една од основните култури кои се работат во Иванковци така да мислам дека и другите би требало да бидат задоволни од моментална состојба во земјоделието, со субвенции со поддршка за рурален развој, механизација. Ние сме едно од селата кои имаат доста искористено.
-Оваа година имам 150 килограми тутун, немаше дожд и моментално цената е реална според тутунот овде. Немаше дожд, а по тоа нема ни килажа тутунот.
-Спрема годината и сушата мал е родот. Субвенциите ги добивам навреме а цените се исти како мината година.
Инаку исплатата на првите откупени количества започна минатата недела, а откупувачите се придржуваат на договореното да исплаќаат во рок од седум дена од преземањето на родот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа